„Три од три“ за Ѓорѓиев и Ц. Звезда, Ристоски поразен со ИББ Спорт

Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев и Црвена Звезда го задржаа беспрекорниот учинок во српската Суперлига со третата победа во исто толку натпревари.

На дуелот со Ниш пред својата публика Црвена Звезда го загуби првиот сет, но потоа имаше одлично враќање во игра за триумф од 3-1 (20:25, 25:21, 25:23, 25:20). Ѓоргиев добрата организација на играта ја надополни и со два поени.

На табелата Партизан е лидер со девет бода, додека Црвена Звезда има еден помалку на второто место.

Македонскиот стратег Жарко Ристоски и неговиот ИББ Спор запишаа трет пораз во низа во турската Суперлига, откако со 3-0 (25:20, 25:17, 25:14) загубија од еден од главните фаворити и актуелен лидер на табелата Зират Банк. Ваквиот резултат на тимот на Ристоски му донесе и пад на табелата од седмото на деветтото место.

Се вчитува...