„Тур де Франс“ ќе се одржи од 29. август до 20.септември

Годинашното издание на најпопуларната велосипедска трка „Тур де Франс“ ќе се одржи од 29 август до 20 септември. Првичниот термин беше одложен поради пандемијата со коронавирусот.

Стартот на 107.издание на трката околу Франција е закажана за 29 август во Ница, а крајот е предвиден за 20. септември во Париз, на денот кога ќе почне тенискиот гран – слем „Ролан Гарос“.

„Тур де Франц“ никогаш не се одржала толку доцна во летото, од нејзиното создавање во далечната 1903 година.

Светското првенство во велосипедизам во Швајцарија е закажано за во септември и нема да се менува терминот, а подоцна ќе се одржат трките во Италија и во Шпанија.

Се вчитува...