Италија и Турција утре од 21 часот во Рим, со првиот натпревар од Групата А, го отвораат Европското првенство 2020.
Турскиот селектор Шенол Ѓунеш е убеден дека неговата селекција може да приреди изненадување и да слави против Италија.
„Роберто Манчини добро го познава турскиот фудбал. Работеше како тренер во Галатасарај и имаше многу талентирани фудбалери во екипата. Не сме фаворити во оваа група, но би сакале да дојдеме до финалето и да играме токму против Италија. Нашиот пат во репрезентативниот фудбал стартуваше во 2002 година на Светското првенство, и се уште учиме“ – вели Ѓунеш, притоа дополнувајќи:
„Многу ја почитуваме Италија, но ги знаеме и сите слабости во играта на оваа селекција. Ќе биде тоа дуел на два силни тима а јас верувам дека можеме до победа. Мислам дека првиот и последниот меч во групната фаза се најважните и затоа на почеток мора да дадеме се од себе“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА