Турски атлетичарки останaа без олимписките медали поради допинг

Турските атлетичарки Ејван Абејлегесе и Гамзе Булут, се суспендирани и одземени им се олимписките медали откако повторените допинг тестови покажаа дека користеле недозволени средства, соопшти Светската атлетска федерација (ИААФ).

Абејлегесе била позитивна на забранетиот стероид „станозолол“ на повтореното тестирање на примероците од СП 2007. Таа е суспендирана на две години и сите нејзини резултати постигнати во периодот од 2007 до 2009 година се избришани.

Турската атлетичарка на ОИ 2008 во Пекинг освои сребрени медали во трките на 5.000 и на 10.000 метри, а сребро освои и на СП 2007.

Гамзе Булут е суспендирана на четири години поради кршење на прописите со биолошкиот пасош. Таа ќе остане без сребрениот медал на 1.500 метри од ОИ 2012 во Лондон, како и без среброто од СП 2012 во истата дисциплина.

Се вчитува...