УЕФА експресно ги демантираше шпекулациите на аргентинските медиуми дека „гаучосите“ добиле покана да настапуваат во следното издание на Лигата на Нации. Аргентинците ја продолжија кампањата против КОНМЕБОЛ повикувајќи се на евентуална можна соработка со УЕФА, но европската куќа на фудбалот јасно стави до знаење дека такво нешто не е возможно.
„Нема никаква вистина во шпекулациите дека Аргентина била поканета да учествува во натпреварувања под капата на УЕФА. Никогаш не се водени вакви разговори, ниту пак ќе дојде до нив во иднина. Сепак, во духот на пријателството, УЕФА може да ги покани Аргентинците како специјални гости да гледаат средби од било кое наше натпреварување, во било кое време“ – се вели во соопштението на европската куќа на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА