Се уште не е познато кога ќе се доигра натпреварот меѓу Данска и Финска на Европското првенство, откако Кристијан Ериксен колабираше на крајот на првиот дел на мечот во Копенхаген.
Тој е префрлен во болница во Копенхаген, а и покрај страшните сцени за среќа стадионот го напушти во свесна состојба.
Во моментов се одржува состанок со службени лица на двете репрезентации, а во 19:45 ќе има официјално соопштение дали и кога ќе биде доигран натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА