Украински шахист пронајден мртов во неговиот стан

Украинскиот шахист Станислав Богданович и неговата девојка се пронајдени мртви во неговиот стан. Наводно причината за смртта на 26-годишниот шахист и неговата девојка е гушење.

Истрагата се уште е во тек, но не се пронајдени знаци на насилство на телата. Според украинските медиуми главите на Богданович и Вернигора биле покриени со полиетиленски вреќи, а покрај нив имало и балони со азотен оксид.

Украинскиот велемајстор беше шампион на својата земја во 2013 година, а неодамна настапи за Русија на меч против Украина, каде од дел од украинските националисти беше обвинет како „учесник во пропагандните акции на Русија“.

Се вчитува...