Омразата меѓу Русите и Украинците е добро позната, а ЕВРО 2020 е натпреварување во кое повторно истата дојде до израз откако руските протести придонесоа Украина во последен момент да мора да го менува дизајнот на дресот, бришејќи го написот „Слава на хероите“.
Во пресрет на вчерашниот премиерен меч на Русија на шампионатот, против фаворитот Белгија, градските власти на украински Лвов помогнати од неколку спонзори организираа специјална награда за сите присутни во фан зоната за ЕВРО 2020 – гратис пиво за секој примен гол на „зборнаја“.
Лукаку постигна два погодоци, еднаш прецизен беше и Муние, па присутните во фан-зоната во Лвов имаа по три бесплатни пива, за уште подобро расположение при следењето на мизеријата
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА