Унгарците по изведување пенали станаа европски прваци во ватерполо

Ватерполо репрезентацијата на Унгарија ја освои европската круна откако во големото финале против Шпанија славеше дури по изведување пенали. на домашен терен во Будимпешта, Унгарците славеа со 5-4 при пеналите, откако во регуларниот тек мечот заврши 9-9.

Шпанија го доби првиот период со 1-3, но Унгарија возврати со три гола во низа во втората четвртина. Неизвесноста продолжи и по третиот период, а на крајот немаше победник во регуларното време. Унгарците беа за нијанса подобри пеналџии и на крајот и се радуваа на европската круна.

Се вчитува...