Уругвај само до бод против Јапонија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Уругвај одигра нерешено 2-2 против Јапонија во првиот натпревар од второто коло во Ц групата на Копа Америка.

Изненадувачки Јапонците дојдоа до предност со голот на Kоџи Мијоши во 25. минута. Во 32. минута беше досуден пенал за Уругвајците, а сигурен изведуваш на ударот од белата точка беше Луис Суарез. Во второто полувреме Јапонците повторно дојдоа до предност со вториот гол на Мијоши во 59. минута, а конечните 2-2 ги постави Единсон Кавани со голот во 66. минута.

Во вториот меч од групата Ц во ноќта меѓу петок и сабота ќе се сретнат Чиле и Еквадор.

На табелата во Ц сегментот Уругвај е прв со 4 бода, Чиле е втор со 3, следува Јапонија со 1, а последен е Еквадор без ниту еден бод.

 

Се вчитува...