Уште една голема НБА ѕвезда доаѓа во Европа

Кемба Вокер го засили Монако, а наскоро уште една голема НБА ѕвезда би можела да биде на пат кон Европа.

Порталот „Баскетњуз“ пренесува дека Олимпија Милано е во преговори со 32-годишниот плејмејкер Џон Вол, кој зад себе има 13 сезони во најсилната лига на светот.

Петкратниот учесник на Ол Стар мечот во последно време имаше многу проблеми со повреди, а последниот натпревар го одигра во февруари во дресот на Хјустон. Претходно играше и во Вашингтон и ЛА Клиперс.

Се вчитува...