Вајли: Ќе се вратам посилен, благодарам за поддршката

Џејкоб Вајли се најде во центарот на вниманието на кошаркарската јавност откако привремено го раскина договорот со Гран Канарија, за да може да се рехабилитира целосно откако беше позитивен на коронавирус.

Американскиот центар се зарази на тренинзите на македонската репрезентација во „балонот“ во Талин, во меѓувреме имаше и негативен тест, но на негово барање привремено раскина со шпанскиот клуб. Според сите најави, Вајли ќе се врати во Гран Канарија штом биде максимално подготвен за камбек на терените, нешто што се очекува да се случи на почетокот од 2021 година.

Во меѓувреме, новиот македонски репрезентативец се заблагодари за поддршката што ја добива од сите страни.

„Ќе се вратам посилен од било кога. Треба да се опоравам, затоа сега треба да бидам крај моето семејство. Благодарност до клубот за помошта, до тренерите и соиграчите за поддршката во овој период“, напиша Вајли на својот профил на твитер.

Се вчитува...