Вака умре Марадона: Семејството се расплака на првото рочиште од судењето…

Во центарот на вниманието на аргентинската фудбалска јавност е почетокот на судењето околу околностите за смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона.

Лекарите кои се грижеа за здравјето на легендарниот фудбалер во последните месеци од неговиот живот сега се соочуваат со сериозни обвиненија за убиство од невнимание, а обвинителот во случајот, Патрисио Ферари, го почна својот говор покажувајќи фотографија од починатиот Диего, досега необјавена во јавноста.

„Вака умре Марадона“, викна Ферари во судницата, покажувајќи ја фотографијата земена неполн час по смртта на легендата, со очигледно подуен стомак на Аргентинецот, по што членовите на најблиското семејство на Диего (двете ќерки и сопругата Вероника) се расплакаа во судницата.

„Кој и да ви каже дека не забележиле што му се случува на Диего, лажат без срам. Ако го гледале како лежи во ваква состојба со денови, лажат дека сега не се вмешани во убиството. Вистината е таа, ако Марадона ја добиеше неопходната медицинска нега каква што заслужуваше, тој сега се уште ќе беше жив“, истакна Ферари,

Се вчитува...