Холандскиот вицепрвак ПСВ Ајндховен сака да го доведе ветеранот Арјен Робен во тимот и да се обиде да му ја одземе шампионската круна на Ајакс. Тренерот Марк ван Бомел е одличен пријател со Робен од периодот кога заедно играа во националниот тим и би сакал да го види одличниот крилен играч во својот состав за наредната сезона.
„Имавме неколку позитивни разговори. Му кажав дека посакуваме да ни се придружи, а сега треба да му оставиме време за да ја донесе одлуката“, изјави Марк ван Бомел.
35-годишниот Арјен Робен си замина од Баерн Минхен по една деценија, а го носеше дресот на ПСВ Ајндховен од 2002 до 2004 година. Кариерата ја почна во Гронинген, а беше член и на Реал Мадрид и на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА