Ванда Нара и Мауро Икарди беа видени заедно на јавен настан, доволно за повторно да се јават шпекулации дека двојката е смирена и почнува нов заеднички живот откако во јули годинава објавија дека се разделуваат.
Арентинските таблоиди обрнаа големо внимание на заедничките фотографии, но неколку часа подоцна се јави самата Ванда, која јасно стави до знаење дека не планира да се смири со фудбалерот на Галатасарај.
„Повторно заедно со Икарди? Не не, тоа никако нема да се случи. Баш ми е добро сама“, децидна беше на оваа тема Аргентинката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА