„ВАР е тешка комедија, ниту збор за пенал за Чешка“ (ВИДЕО)

Хрватска и Чешка одиграа без победник (1-1) во второто коло од Групата Д на ЕВРО 2020 во Глазгов.

Чесите поведоа со голот од пенал во 37. минута на Патрик Шик. Шпанскиот судија Карлос Гранде првично ништо не досуди, но по консултација на ВАР се одлучи за удар од белата точка.

Сепак, одлуката на Шпанецот на Твитер ја коментираше и легендарниот Гари Линекер, познат по критиките за ВАР-системот.

„Мило ми е да видам како ВАР е еднакво смешен и на некои други натпреварувања, не само во Англија. Немаше ниту збор за пенал“ – напиша легендарниот репрезентативец на Англија.

Но, за поголемиот дел од фудбалската јавност поспорно беше и изведувањето на пеналот, затоа што бликаше крв од носот на изведувачот Патрик Шик. А, во таква ситуација никако не смееше да продолжи играта и да се изведе пеналот, се додека не се санира повредата на Шик.

Се вчитува...