Џејми Варди го постигна вториот гол за Англија при триумфот над Литванија, но многу поголемо внимание привлече неговото промашување во финишот, кога од одлична ситуација шутираше високо над голот. Поточно, не самото промашување, туку реакцијата на Варди што следеше, откако членот на Лестер продолжи да се самоказнува, овојпат удирајќи со главата силно во земјата.
Варди го почна трендот на самоказнување удирајќи си боксови во главата по промашувањето на дуелот Лестер – Севилја, сега продолжи уште пожестоко на репрезентативен план. Прашање е кој ќе биде следниот чекор на англискиот репрезентативец при неговиот нареден нереализиран зицер.
Со ваква самоконтрола прашање на време е кога ќе почне да гризе. pic.twitter.com/U8rv4DdgiP
— Sport Life (@SportLifeBet) March 27, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА