Вејд открива: Коби беше виновен за династијата на Мајами

Имињата Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Крис Бош ќе биде вечно забележани во историјата на НБА лигата како едно од најдоминатното трио кои настапувале на паркетот ширум Соединетите американски држави. Настапувајќи за Мајами Хит овие кошаркари освоија за две шампионски титули во 2012 и 2013 година.

Говорејќи на подкастот „SKWeek Show“ Двејн Вејд откри дека за формирањето на династијата бил „виновен“ Коби Брајант и неговата доминација со Лос Анџелес Лејкерс.

„Само што заврши натпреварот (финалето во 2010 година), го кренав телефонот и му се јавив на Леброн. Му кажав „Леброн што ќе правиш?“Таа пост-сезона бевме слободни играчи. Тие (Лос Анџелес Лејкерс) доминираа. Коби насобра прстени. Си реков „Чекај чекај, зар има пет сега, а ние имаме смао еден? Не може“. Тоа го промени првенството“, откри Вејд.

Се вчитува...