Во рамките на медиумската „експертска мрежа на Гардијан“ за EВРО 2020, чиј дел е и ЕКИПА, заедно со вкупно 22 европски медиуми меѓу кои и со „Газета дело Спорт“ (Италија), „Ел Паис“ (Шпанија), „Ди Цајт“ (Германија), „Франс фудбал“ (Франција), „Блик“ (Швајцарија)…, ви ги пренесуваме комплетните информации за сите репрезентации учеснички на Европското првенство 2020.
ЕВРО 2020 продолжува и со натпреварот од Групата А меѓу Велс и Швајцарија. Па, за сите читатели на ЕКИПА, се за велшката репрезентација преку новинарот на „Гардијан“.
За ЕКИПА пишува Бен Фишер од „Гардијан“
Твитер профил: @benfisher
На некој начин Велс се соочува со неблагодарна задача. Како да се надмине занесот и воодушевувањето од пред пет години? Прекрасниот погодок од слободен удар на Герет Бејл против Словачка, битката за Ленс, голот на Арон Ремзи против Русија, и секако, голот од свртување на Хал Робсон-Кану кој го одведе Велс во полуфиналето на Европското првенство 2016 година. Оние кои беа присустни на патишествието мечтаат за повеќе од истото, додека новалјиите, какво такви, се очајни да го пробаат овој вкус и да создадат ново поглавије кое навивачите никогаш нема да го заборават.
Невозможно е да не погледнете наназад далеку зад индивидуалниот блесок на Бејл и костурот на играчи кои донесоа успех во Франција, а доаѓа и нова генерација на талентирани играчи како Даниел Џејмс, Неко Вилијамс и Етан Ампаду. Овој состав има таленти, со брза и полетна, но храбра игра, остроумна и го негува тимскиот дух кој се покажа како бесценет последниот пат.
Изминатиот месец Роберт Пејџ, асистентот на Рајан Гигс, кој ќе го предводи тимот поради отсустниот селектор, се извини за „класичниот“ одговор на прашањето како би изгледал успешен турнир.
„Во овој момент, велшкиот фудбал е на добро место и сакаме да продолжиме со тој моментум“, ќе рече.
Велс ќе биде уште посилен со оглед на искуството од Европското првенство во 2016 година – нивниот прв голем турнир по 58 години – и се чини дека имаат уште подолга клупа овој пат. Претходно, најголемата „загатка“ за Крис Колеман беше дали да го избере Сем Вокс или Робсон-Кану, додека сега го имаат луксузот на опции за речиси секоја позиција.
Патот до ЕВРО не беше прелесен, но го обезбедија своето место преку финалето благодарение на двата погодоци на Арон Ремзи против Унгарија пред 18 месеци. Од тогаш ретко кога доби шанса, но следеа експерименти со 3-4-3 формација со Хари Филсон како лажна деветтка, и претходно преферираната 4-2-3-1 која служеше добро на квалификациите.
Опасноста која ја носи напаѓачот Кифер Мур се чини дека ќе биде значајна во вакво натпреварување каде тактиката може да се промени во еден миг. Присуството на Мур дава нелагодност кај одбраната и го докажа тоа во квалификациите со два гола и динамиката која ја дава со која го ослободува Бејл на неговото омилено место на десното крило и Џејмс на левото.
Како и да е, Велс изобилува со младост, која е гладна и покрај тоа што никој не очекува да „расцветаат“ ова лето. Нејасно е дали би се обложиле против нив или на можноста да направат чудо!
СЕЛЕКТОР
Роберт Пејџ ќе го предводи тимот во отсуството на Рајан Гигс, кој беше уапсен во ноември под сомнение за напад, иако Гигс сето тоа го негира. Поранешниот дефанзивец на Вотфорд и Шефилд Јунајтед играше заедно со Гигс за Велс, добивајќи 41 натпревар пред заминувањето во менаџментот во Порт Вејл во 2014, а потоа и Нортемптон две години подоцна. Досега Пејџ се покажа како повеќе од доследен заменик. Тој има одличен однос со клучни играчи од неговиот двегодишен мандат на У-21 тимот и не се колебеше да ги превземе работите во свои раце. „Немам толеранција со недисциплина“, вели тој. „Тука сме за успех, а за да го постигнеме тоа ни треба мудрост и класа“.
ИКОНА
Кој друг? Црвениот ѕид пее, Да живее Герет Бејл. Капитенот со репче и омилен во велшкиот фудабал, а и покрај тоа што тимот не се темели на еден човек, неговото присуство е многу длабоко. Тој постигна само два гола во квалификациите, но покажа знаци на брилијантност за клубот и државата, и добро се снајде со Хари Вилсон за водство против Белгија во март и постигна хет-трик за Тотенхем претходниот месец.Тој беше овековечен со мурал во северен Кардиф откако Велс се квалификуваше на ЕВРО 2016, поминувајќи го рекордот на Јан Раш од 28 постигнати голови за да постане најдобриот голгетер на Велс во 2018 и беше именуван за фудбалер на Велс, шест пати.
ВЕРОЈАТЕН СОСТАВ (3-4-3): Ворд, Ампаду, Родон, Џ. Лоренс, К. Робертс, Морел, Ремзи, Дејвис, Бејл, Мур, Џејмс
БЛАГОДАРЕН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕТО НА ЕВРО 2020
Џо Ален, најверојатно. Тој ја повреди ахиловата пета пред „локдаунот“ претходната година, а откако доби седум минути шанса на враќањето на теренот за Велс против Белгија по повредите на листот и задната ложа во март, 31-годишниот играч од средниот ред е во трка со времето.
ШТО ПЕАТ ФАНОВИТЕ
Одлуката на Би-Би-Си Велс да го искористи хитот на Френки Фели од 1967 година насловен „Can’t Take My Eyes Off of You“ пред Светското првенство во 1994 година ја воодушеви нацијата. Оттогаш фановите ја пеат оваа песна. Старата химна „CalonLân“, велшки – „За чисто срце“, традиционално се поврзува со рагби, но се најде во етерот на Евро 2016. Наводно, таа била напишана на задниот дел од пакетче цигари од поетот Даниел Џејмс, во Бленгарв.
ШТО ВЕЛАТ ФАНОВИТЕ
“Ar ben eudigon” е велшкиот еквивалент за „седмо небо“, и “Taran o ergyd” што се преведува како „Гром од удар“. Потоа тука е и ”Chwip o gôl”, што значи „чудесен гол“, изрека која ја користат за прекрасни голови. Голем дел од изреките на стадионите се превземени од оние на англиските навивачи, но една изрека ќе се слуша ова лето: „Додајте му на Герет“.
НЕГАТИВЕЦ/ ХЕРОЈ ВО ПАНДЕМИЈАТА
Хал Робсон, Раби Матондо и Бен Кабанговер беа пратени дома на последниот интернационален собир откако ги прекршија правилата за полициски час во тимскиот хотел. Играчот од средниот ред на Кардиф, Вил Воукс, кој последен пат беше повикан во октомври, беше именуван за играч на ЕФЛ по втор пат во април, откако претходно ја доби наградата пред две години додека играше за Ротерам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА