Ветеранот Хауард блиску до Голден Стејт

Пред неколку недели американските медиуми пишуваа дека Двајт Хауард ќе се врати во НБА, а сега е многу блиску тоа да се оствари. Како што пренесуваат медиумите во САД, наскоро искусниот 38-годишен центар ќе се приклучи на екипата на Голден Стејт, а челниците потоа ќе одлучат дали ќе остане во екипата.

Хауард игра во Тајван, за екипата на Таујан Леопардс, каде има просек од 23,2 поени и 6,2 скока по натпревар.

Последен пат во НБА лигата играше во сезоната 2021/22 како член на ЛА Лејкерс. Освен за нив играше и во Филаделфија, Вашингтон, Шарлот, Атланта, Хјустон и Орландо.

Тој пет пати е избран во најдобрата петорка на НБА лигата, а осум пати беше дел од Ол-Стар мечот.

Се вчитува...