Видео: Дончиќ не е од оваа планета – 30 поени за едно полувреме

Лука Дончиќ прикажува уште една вонсериска партија во НБА-лигата, постигнувајќи 30 поени за само едно полувреме игра на натпреварот против Далас.

Словенецот игра феноменално, од поле шутира 11/19, погодувајќи и шест тројки од вкупно девет обиди. Покрај 30-те поени, тој има и седум скокови, пет асистенции и две украдени топки, со што се наоѓа на добар пат да оствари нов трипл-дабл.

Погледнете дел од мајсториите на Дончиќ на овој натпревар…

Се вчитува...