ВИДЕО: Кавадарци „гореше“ на дочекот на новите спортски херои

Тиквеш оствари историски успех со освоениот трофеј во Купот на Македонија, кавадарчани направија извонредна атмосфера на националната арена во Скопје, а шоуто го продолжија и потоа при дочекот на спортските херои во својот град.

Кавадарчани приредија шоу по улиците, со бројни чадни бомби и кореографии дочекувајќи ги фудбалерите, по што извонредниот успех беше славен до раните утрински часови.

Овој пехар значи и учество на Тиквеш во европските натпреварувања во наредната сезона, најава за уште најмалку едно шоу на кавадарчани, кои имаат за што да бидат горди на своите миленици.

Се вчитува...