Видиќ доби ангажман за Европското првенство

Прославениот српски фудбалер и поранешен играч на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, ќе биде колумнист на веб-страницата „Атлетик“ за време на Европското првенство. Во текот на следниот месец, поранешниот дефанзивец, заедно со многу други гости, ќе пишува за „Атлетик“ и ќе ги анализира настаните на Европското првенство.

Досега фудбалската јавност немаше можност да го види Немања во оваа улога, па ќе биде интересно да видиме како тој ќе се снајде со овој ангажман. Покрај него, колумнисти ќе бидат и Николас Анелка, Јаја Туре, спортскиот директор на Севилја Мончи, Ешли Кол, помошникот тренер на Ливерпул, Пеп Лендерс, како и шкотскиот фудбалер Скот МекТомини.

Европското првенство стартува утре (11.06.), а првиот натпревар ќе биде одигран помеѓу Турција и Италија со почеток во 21 часот.

 

 

Се вчитува...