Во Англија си прават забава на ТВ и кога нема спорт: Крис Фрум едвај ја победи Мел Си во трка со велосипеди

Што се случува кога ќе го ставите четирикратниот победник на Тур Д’ Франс, Крис Фрум, во виртуелна велосипедска трка. Нормално дека победува. Но, сепак, не толку лесно колку што би очекувале.

Во виртуелната трка на „Скај спортс“ наречена „Тркала за хероите“, на познатите ѕвезди од спортот и од шоу бизнисот им беше дадена предност од 13 минути и 22.9 километри и Фрум требаше да ги брка.

Буквално се изнамачи за да ја стигне ѕвездата на „Спајс Грлс“, Мел Си. Ја достигна во последниот километар и победи на трката која имаше хуманитарен карактер и сите собрани пари ќе одат како донација на Државниот здравствен систем односно ќе им бидат овозможени велосипеди на лекарите и останатиот медицински персонал.

Се вчитува...