Во Аргентина гол за „Пушкаш“ – погоди од неверојатни 77 метри! (ВИДЕО)

Во 15. коло од аргентинската Лига професионал, водечкиот тим Атлетико Тукуман го дочека Баракас Централ и го совлада со 4-0. Водеше домашната екипа со 3-0, и веројатно тоа беше причина навивачите да го напуштат стадионот предвреме. Но, потоа ќе видат што пропуштиле.

Матео Коронел, 23-годишен играч е фудбалерот кој успеа да го совлада противничкиот гол од цели 77 метри. ФИФА исто така го следеше овој гол и го објави на социјалните мрежи.

После слободен удар на гостите, домашните се одбранија, а потоа Коронел од 77 метри без размислување ја упати кон голот, го лобуваше истрчаниот гол и топката заврши во мрежата.

Се вчитува...