Во Србија бесплатно тестирање за COVID-19 за сите спортисти

На сите спортисти и тренери во Србија државата ќе овозможи бесплатни тестови за COVID-19 соопшти денеска министерот за спорт и млади, Вања Удовичиќ. Според него оваа мерка ќе опфати околу 500.000 луѓе инволвирани во српскиот спорт.

„Овозможуваме целокупниот систем во спортот да има дополнителна заштита и на одговорен начин превентивно ги санираме здравствените неправилности и спречуваме заразување на повеќе луѓе. Во спортскиот систем има околу 500.000 луѓе и чувствуваме голема општествена одговорност. Знаеме дека е значајно да се намали можноста за заразување и паралелно да се овозможи одржување тренинзи и натпреварувања“ – вели Удовичиќ.

 

 

 

Се вчитува...