Шпанија се соочува со огромни проблеми непосредно пред почетокот на ЕВРО 2020 откако беше потврден и вториот позитивен случај на коронавирус во таборот на „црвената фурија“.
Дефанзивецот Диего Љоренте е фудбалерот чии резултати на тестирањето биле позитивни, по што овој играч ќе мора да замине во самоизолација и дефинитивно ќе пропушти најмалку еден од натпреварите од групната фаза на шпанскиот национален тим.
„Со жалење потврдуваме дека централниот дефанзивец Диего Љоренте беше позитивен на последното тестирање извршено во тренинг-базата. Тој ќе ја напушти базата со медицинско возило, согласно сите протоколи“, се вели во соопштението на Шпанската Фудбалска Федерација.
Останатите фудбалери остануваат изолирани еден од друг и во последните денови тренираат исклучиво индивидуално. Поради овие новонастанати проблеми Шпанија синоќешниот пријателски меч со Литванија го одигра со својата младинска репрезентација, за да не дојде до ширење на вирусот.
Шпанија во понеделник го игра својот меч на ЕВРО 2020, против селекцијата на Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА