Заеднички проект на ППФМ и ФУСМ за поголема застапеност на пинг-понг кај најмладите

Иако завршија сите активности во пингпонгарското првенствo, ППФМ продолжува да ги остварува своите цели за постигнување на поголема масовност меѓу најмладите во пинг-понгот.

На седницата на Извршниот одбор на Федерацијата на училишен спорт на Македонија која се одржа во Велес, претседателот на ФУСМ, проф.д-р Александар Туфекчиевски заедно со претседателот на Пинпонгарската федeрација на Македонија, Горан Тиловски потпишаа Меморандум за соработка, со кој двете федерации се обврзаа на заеднички проектни активности.

Со потпишувањето на овој меморандум се става акцент на напорите за поголема застапеност на пинг понгот кај најмладите генерации. Проектот опфаќа отворање на соработка за помеѓу двете федерации со цел популаризација на пинг понгот и анимирање на најмладите генерации во пинг понгот. Во првата фаза на овој проект во шест основни училишта ширум државата ќе бидат отворени рекреативни секции за пинг понг.

 Пинг понг секциите ќе бидат отворени во следните училишта:

  1. ООУ Јоаким Крчовски – Крива Паланка
  2. ООУ Владо Кантарџиев – Гевгелија
  3. ООУ Минир Исаку – Пирок Тетово
  4. ООУ Тодор Ангелевски – Битола
  5. ООУ Круме Кепески – Кисела Вода Скопје
  6. ООУ Његош Гази Баба Скопје

Во овие училишта заедно со наставничкиот кадар по физичко воспитание и тренерите ангажирани од страна на ППФМ ќе им се овозможи на учениците да тренираат пинг понг. Како главна целна група за вклучување во процесот на тренинзи ќе бидат учениците од прво до четврто одделение.

Проектот ќе започне со реализација со почетокот на новата 2020 година. Овој дел од проектот завршува на 10. јуни 2020 година со завршувањето на учебната година, со можност за негово продолжување.

Се вчитува...