Загина познат алпинист по пад од 300 метри

Светски познатиот американски алпинист Бред Гобрајт загина откако доживеа пад од 300 метри височина. Иако тој беше познат како човек кој не користи сигурносен систем на неговите експедиции, сепак во моментот на несреќата користел сигурносен механизам кој не успеал да го ублажи падот.

Со него на експедицијата бил и Адриан Јакобсон кој успеа да ја преживее несреќата.

„Не се сеќавам многу. Знам дека двајцата викавме. Бев малку над него. Наеднаш почувствував дека нешто попушти и почнавме двајцата да паѓаме. Јас паднав во грмушки, но Бред не успеа да преживее“, изјави Јакобсон. 

Се вчитува...