Доказ дека љубовта кон фудбалот нема граница е 48-годишната Азизе Ај од Турција чиј живот е фудбалот.
Таа, поради ригорозните семејни правила не смеела да игра фудбал во младост и морала да чека години и години да го оствари својот сон. Растела во многу чудни услови. Нејзината мајка се мажила за својот брат (вујкото на Азизе), откако се раздвоила со таткото на Азизе, во време кога не било воопшто необично да постојат инцестни бракови.
Таткото на Азизе бил поранешен нисколигашки фудбалер од кого ја добила љубовта кон тој спорт.
„Не можев да бидам фудбалерка, а не сакав ниту да се мажам. Се мажив дури на 40 години“ – вели Азизе на која челниците на локалниот клуб, Дијарбакир одлучиле да и понудат можност за фудбал на 48 години.
„Кога на свои 14-15 години сакав да играм фудбал мајка ми и мојот вујко, како нејзин сопруг, ми рекоа дека ако го направам тоа ќе ме убијат и дека ќе ме закопаат под корнер знамето. Исто така не ми дозволуваа да продолжам после основното училиште. Чекав до денес, и сега сум многу среќна“ – вели Азизе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА