Актуелниот шампион Вардар оствари тешка победа и тоа со пресврт на гостувањето кај последнопласираниот Скопје во мечот од деветтото коло во Првата Македонска фудбалска лига.
Вардарци по првиот дел губеа со 0:1, но во второто полувреме успеаја да се вратат во игра и во судиското продолжение со голот на Горан Закариќ во 93-та минута да дојдат до триумф од 2:1.
Токму Закариќ ги постигна двата гола за Вардар и дојде до бројката од седум гола во сезоната.
Интернационалецот од БиХ, претходно во 59-та минута го израмни резултатот.
Домаќинот кој за првпат сезонава играше на стадионот во „Железарница“ по првото полувреме имаше предност од 1:0 благодарение на голот на Ангелов во 26-та минута.
Со триумфот кој е прв на гостински терен сезонава, Вардар се искачи на делба на второто место на табелата со Струга ТЛ. И двата тима имаат по 17 бода, но стружани својот натпревар ќе го играат утре против Башкими. Скопје останува последен на табелата со само три освоени бодови и е единствен тим кој се уште не се израдувал на победа сезонава.
Во следното коло, Вардар ќе и гостува на Брегалница, додека Скопје во Железарница ќе го пречека лидерот на табелата, Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
