Ентони Џошуа и Владимир Кличко повторно ќе се сретнат во рингот. Минатиот месец двајцата боксери имаа спектакуларен меч на лондонскиот стадион Вембли. Џошуа во 11-та рунда ја урна боксерската легенда и ја оствари најголемата победа во кариерата.
Многумина очекуваа дека нивната борба ќе има и реванш, а тоа официјално го потврди и менаџерот Еди Херн.
„Реваншот ќе се одржи ако Бернд Боенте и Владимир Кличко не решат друго на состанокот што ќе се одржи до крајот на неделава. Во наредните две недели ќе ги разгледуваме можностите и ќе видиме што е прифатливо, а што не. Исто така ќе видиме и каде би можела да се одржи борбата. Што се однесува до нас, следниот меч е со Кличко“ – изјави Херн.
Иако прв предизвикувач а шампионот требаше да биде Кубрат Пулев, ИБФ на Џошуа му дозволи реванш со Кличко, но со услов борбата да се одржи пред 2 декември. Пулев исто така се согласи на тоа да се бори со победникот од овој дуел.
Локацијата за новиот дуел меѓу Џошуа и Кличко се уште не е одредена, но во потесниот избор се Нигерија, Дубаи, Кардив и САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА