Натпреварот помеѓу Шведска и Словачка заврши со победа на Швеѓаните откако Форсберг стрелаше од белата топка, а потегот на натпреварот убедливо му припадна на неговиот млад соиграч, Александар Исак.
Фудбалерот роден во 1999 година во стилот на Диего Марадона ги „измеша“ Славаците со супер-слалом од половина терен, а за тоа да не биде еден од најубавите голови на Европското првенство се погрижи Дубравка кој беше сигурен на голот.
Isak almost scored goal of the tournament 😵 #SWESVK pic.twitter.com/xqz431i1XL
— Ignas (@bartign10) June 18, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА