Заврши „Пандев Куп 2018“: Одличен квалитет и беспрекорна организација (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Финалниот ден од Меѓународниот младински турнир „Пандев Куп 2018“ донесе одлични мечеви, неизвесност и квалитетен фудбал. Младите фудбалери покажаа дека поседуваат голем квалитет, а целокупната организација на турнирот беше беспрекорна.

На годинашниот летен турнир „Пандев Куп 2018“ кој се одржа во период од 30.јули до 04.август во Скопје и во Струмица беа одиграни вкупно 76 натпревари во четири возрасни генерации, фудбалери родени 2002, 2003, 2004 и 2005 година. Секоја генерација беше поделена во две групи, А и Б од по четири екипи. Беа постигнати 323 гола, а конечниот пласман на екипите е следен:

2002 генерација

Плејоф А

  1. Бенатул Темишвар – Романија
  2. Вардар – Македонија
  3. Академија Пандев – Македонија

Најдобар играч – Азер Омерагиќ – Вардар

Најдобар голман – Стефан Касиан – Бенатул Темишвар

Плејоф Б

  1. Сесвете – Хрватска
  2. Еуроспорт Куманово – Македонија

2003 генерација

Плејоф А

  1. Реал Ниш – Србија
  2. Јагодина – Србија
  3. Вардар – Македонија

Најдобар играч – Илија Спасиќ – Реал Ниш

Најдобар голман – Лука Стојковски – Вардар

Плејоф Б

  1. Национал – Бугарија
  2. Беласица – Македонија

 

2004 генерација

Плејоф А

  1. Ботев Пловдив – Бугарија
  2. Академија Пандев – Македонија
  3. Сесвете – Хрватска

Најдобар играч – Никола Илиев – Ботев Пловдив

Најдобар голман – Кристијан Крстев – Ботев Пловдив

Плејоф Б

  1. Победа – Македонија
  2. Реал Ниш – Србија

2005 генерација

Плејоф А

  1. Национал – Бугарија
  2. Ботев Пловдив – Бугарија
  3. Академија Пандев – Македонија

Најдобар играч – Калијан Соколов – Национал

Најдобар голман – Борислав Борисов – Национал

Плејоф Б

  1. Јагодина – Србија
  2. Шкендија – Македонија

 

Се вчитува...