Жестока провокација од менаџерот на Хабиб до Конор МекГрегор

Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз упати жестоки провокации за Конор МекГрегор, откако ирската ѕвезда со победа над Доналд Чероне се врати во октагонот по година и пол.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт потоа најави можен дуел на Конор со Хабиб, но менаџерот на Нурмагомедов му порача на МекГрегор да не си игра со нив.

„Не го користи моето име момче, пред да бидеш повторно понижен“ – напиша Абделазиз со знакот на орел, кој е прекарот на Хабиб.

УФЦ силно посакува борба на Конор и Хабиб, но засега тимот на Дагестанецот нема намера да прифати таков меч.

Се вчитува...