Жестоко уште на соочувањето: Хабиб го исфрли појасот на Фергусон (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон со жестоки провокации ја одработија првата прес-конференција пред борбата која ги очекува на 18. април во Бруклин.

Очекувано, имаше тешки вербални навреди, посебно од страна на Тони Фергусон, но ниту Хабиб не му остана должен.

На соочувањето имаше и интересна сцена. Фергусон успеа да го изнервира Хабиб со поставувањето на појасот кој го доби како привремен шампион. Дагестанецот го „реши“ појасот така што го шутна од бината, на што Тони потполно полуде.

„Ти си кучка“ – викаше Фергусон.

 

Се вчитува...