Играчот за врска на Италија и Челзи, Жоржињо го запиша своето име во историјата со тоа што стана еден од ретките играчи што постигнал едно несекојдневно статистичко достигнување, објави УЕФА на Твитер .
Според изворот, 29-годишниот фудбалер станал само десетти фудбалер кој во една сезона успеа да го освои Европското првенство и Лигата на шампионите. Минатата сезона за Челзи, Жоржињо учествуваше на 43 средби во сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и две асистенции.
На Евро 2020, тој одигра седум натпревари без да биде постигне гол или асистенција, но беше важен фактор во играта на својата репрезентација. Токму тој беше стрелец на решавачкиот пенал во дуелот со Шпанија во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА