„Бомба“ од Париз – ПСЖ го сака Раул Гонзалес на клупата!?

Париз најверојатно ќе биде следната дестинација за тренерот на Вардар и актуелен селектор на машката ракометан репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес. Според неофицијални информации од Франција, како што дознаваме, ПСЖ е сериозно заинтересиран да го донесе шпанскиот стратег на својата клупа.

Под водство на Раул Гозналес, македонскиот шампион бележи константен раст во изминативе четири години. Исклучително успешната сезона на „црвено-црните“ крунисана со сензационален триумф и титула во Лигата на шампионите, го сврте вниманито на светската ракометна јавност и кон Вардар и кон Шпанецот на клупата.

Интересот на големите европски клубови за играчите, но и за тренерот на Вардар  се интензивира посебно по превирањата кои го потресоа шампионот на почетокот на новата сезона кога Иако во меѓувреме, газдата се премисли и ја повлече одлуката, сепак, дел од финансиски најмоќните клубови настојуваат да ја искористат неизвесноста во редовите на европскиот шампион.

ПСЖ го има најскапиот тим во Лигата на шампионите, но и покрај тоа во изминатите неколку сезони, не успеа да стигне до европскиот трон. Вардар го победи ПСЖ во финалето на Ф4 во Келн, а Раул Гонзалес покажа дека е тренер што го знае патот до врвот, дури и со многу поскромен состав. Шпанскиот тренер сега е „прв пик“ за раководството на ПСЖ како можен наследник на искусниот, но по малку веќе и прегазен од времето, Звонимир Нока Сердарушиќ кој сега го предводи парискиот тим.

Шпанскиот тренер на клупата на Вардар дојде во 2014 година, а, лани ја продолжи соработката со македонскиот шампион. Но, неодамна тој изјави дека не е исклучена можноста на крајот од сезоната да си замине од Вардар доколку газдата го напушти клубот. Нагласувајќи дека без разлика на клупскиот ангажман во Вардар или во некој друг клуб, тој сепка ќе остане селектор на македонската репрезентација и ќе го испочитува договорот со РФМ со важност до 2020 година.

Се вчитува...