МАКЕДОНИЈА СТАРТУВА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО 2026: Против Бугарите за докажување на квалитетот!

Македонската одбојкарска репрезентација денеска од 18 часот во „8888 Арената“ во Софија против домаќинот Бугарија го стартува својот настап на Европското првенство 2026.

По четврти пат во континуитет Македонија е учесник на собирот на најдобрите селекции на Стариот континент, што само по себе е потврда за квалитативниот континуитет на оваа наша генерација. Без разлика што сега на ЕП 2026 не очекува исклучително силна група, со старт против Бугарија, која е европски вицешампион, јасна е желбата кај секој поединец во националниот табор за потврда на местото кое го уживаме во Европа.

Организаторот на играта на македонската репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев, пред отворањето на Европското првенство 2026 вели дека на сите ни е добро познато дека играме против една од најсилните европски селекции, но секој во македонскиот табор е подготвен да го даде максимумот во националниот дрес.

„Европското првенство го отвораме со дуелот против домаќинот Бугарија, и со оглед на фактот дека шест-седум години играм тука и добро ги познавам, може слободно да кажам дека, иако подмладена, ова е најдобрата генерација во нивната историја за што потврда е и второто место на претходното европско првенство“ – вели Ѓорѓиев и дополнува:

„Но, тоа е дополнителен мотив за нас, за да видиме до каде сме во споредба со најдобрите европски селекции. Наше е да го дадеме максимумот, а ќе видиме тоа за колку ќе биде доволно. Не се залажуваме, играме против една моќна репрезентација, но и ние имаме свои адути. Ако успееме да го скротиме нивниот сервис кое им е најсилно оружје, и ако го разиграме нашиот напад тогаш секако имаме шанси за нешто повеќе од овој прв натпревар на ЕП“.

Македонија на ЕП 2026 е во група уште со Украина, Полска, Португалија и Израел.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ГРУПНАТА ФАЗА НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП 2026

Се вчитува...