Уште седум натпревари денеска во 1/16-финалето од Купот на Македонија, во битката за трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Денеска интересно се очекува да биде во Радовиш каде Детонит ја пречекува Шкендија Арачиново, но и во второлигашката пресметка меѓу Новаци и Охрид.
Како што е познато досега се одиграа пет натпревар од оваа фаза, а веќе во осминафиналето се пласираа Вардар, Македонија ЃП, Струга ТЛ, Пелистер и АП Брера.
Актуелниот освојувач на трофејот, екипата на Силекс има директен пласман во осминафиналната рунда, а Шкендија Тетово по немилите настани од пртходното финале, оваа сезона нема да се натпреварува во Купот на Македонија.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ (денеска, 16 ч.)
Коњаре – Башкими
Детонит – Шкендија Арачиново
Каменица Саса – Шкупи
Кожуф – Скопје
Новаци – Охрид
Осогово – Беласица
Тетекс – Брегалница
24.септември – 16 ч.
Могила – Арсими
06. октомври – 15 ч.
Кросу Спорт Битола – Тиквеш
14. октомври – 15 ч.
Вардар Неготино – Работнички
ВЕЌЕ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ
Овче Поле – Вардар 0-5
Велазерими – Македонија ЃП 0-14
Победа Валандово – Струга ТЛ 1-10
Студеничани – Пелистер 1-6
Венец Неготино – АП Брера 0-8
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
