Мурињо во свој стил по победата над Интер: „Лудница…, стрес до максимум!“

Жозе Мурињо очигледно задоволен по триумфот на Реал Мадрид над Интер со 2-1 во Лигата на шампионите, на прс-конференцијата по мечот потнцираше дека едноставно бил роден за вакви стресни натпревари на кои резултатот никој не може да го предвиди.

Секако не го криеше задоволството од трите бода, но рече дека било претешко за него и за Киву.

„Секако дека ми се допаѓа резултатот, освоивме три бода против силен тим. Натпреварот беше грандиозен за секој што го гледаше од дома, но прашајте ме мене и Киву. Лудница“, рече Мурињо и дополни:

„Вистински луд натпревар кој можеше да заврши 5-0 за нас, 5-5, 7-6 или 5-6. Имаше неверојатен број шанси. Интер е одличен тим и ни беше многу тешко да ги контролираме. Можевме да го решиме натпреварот уште во првото полувреме со 3-0. Имавме и огромна шанса преку Белингам, но и Интер можеше да постигне неколку гола. Лудо, лудо.“

МБАПЕ РАБОТИ МНОГУ ЗА ТИМОТ

Мурињо застана и во одбрана на Килијан Мбапе, кој во текот на натпреварот доби свирежи од дел од трибините поради критиките дека игра премногу себично.

„Мбапе работи навистина напорно. Постигна важен гол, а знам дека и понатаму секогаш ќе постигнува голови. Знам дека повторно ќе биде најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Секогаш е во функција на тимот и затоа не можам да бидам посреќен со него“, рече Мурињо.

Се вчитува...