Челси со мега-понуда: Матиќ и 55 милиони евра за Бонучи!

Челси подготвува нова офанзива по Леонардо Бонучи, откако Антонио Конте минатото лето не успеа да го доведе дефанзивецот на Јувентус во своите редови. Како што јавуваат англиските медиуми, „сините“ подготвуваат понуда што не може да биде одбиена, 55 милиони евра плус Немања Матиќ. За разлика од минатата сезона, овојпат и самиот Бонучи многу посериозно ја разгледува опцијата за заминување од таборот на италијанскиот првак.

Алегри и Бонучи имаа несогласувања на почетокот од оваа сезона, се шпекулираше дека еден од нив мора да замине за да нема пореметување на тимскиот дух, но ситуацијата се смири, барем така изјавија од клубот. Недоразбирања немаше се до крајот на сезоната, но лесно може да се случи поразот во Кардиф да биде последен меч на италијанскиот репрезентативец во дресот на „старата дама“.

Познато е дека Алегри го посакува Матиќ во неговиот состав, се обиде да го ангажира пред почетокот на минатата сезона, но Србинот реши да го почитува договорот со „сините“. Сега откако неговото место во стартните единаесет не е осигурано како во ерата на Мурињо, Матиќ ќе ја менува средината во потрага по редовен фудбал, а Јуве делува како идеална дестинација за него.

Се вчитува...