Инцидент во Кавадарци: Фудбалерите на Тиквеш и Шкендија имаа што да си кажат по мечот (ВИДЕО)

Шампионските амбиции на Шкендија „згаснаа“ во Кавадарци. Тиквеш слави голема победа над тетовскиот тим, и практично го „отпиша“ од битката за титулата. Тиквеш поведе многу рано, во 3. минута со гол на Спахиу, но во 24. минута Тотре донесе израмнување. Сепак, во вториот дел по еден изведен корнер и невнимание на одбраната на гостите, Малески постигна гол вреден три бода за кавадарчани.

По натпреварот нервозата си го направи своето па гостинските фудбалери влегоа во пресметка со домашните кои ја славеа својата победа.

Се вчитува...