Надал: Ако стигнам на Ролан Гарос ваков каков што сум сега, тогаш нема да играм!

Рафаел Надал на стартот од Мастерсот во Мадрид за противник ќе го има американскиот тенисер Дарвин Бланк.

Пред првиот свој меч во главниот град на Шпанија, Надал одржа прес-конференција на која зборуваше за своите цели во Мадрид, но и за целата сезона.

„Моја цел за оваа недела е што подолго да бидам на турнирот и да уживам што е можно повеќе. Сакам да го завршам турнирот жив и здрав, и да уживав во фактот дека имам можност да се натпреварувам уште еднаш. Тука сум, се надевам дека нештата ќе се подобрат и не губам надеж“ – рече Надал, зборувајќи и за својот настап на Ролан Гарос.

„Ако стигнам во Париз вака како што се чувствувам денеска, тогаш нема да играм. Ќе играм на Ролан Гарос само ако се чувствувам конкурентно. Ако може да играм ќе играм, ако не – не. Тоа нема да биде крај на светот или крај на мојата кариера. Имам се уште високи цели и по Ролан Гарос, а тоа се Олимписките игри“.

Се вчитува...