Ливерпул го совлада Фулам и остана во игра за титулата во Премиерлигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул остануваат во трката за титулата во Премиер-лигата откако денеска славеа на гостувањето кај Фулам со 1-3 во меч од 34. коло во англискиот шампионат.

Гостите поведоа со 0-1 со прекрасниот гол на Александер-Арнолд од слободен во 32. минута. До крајот на првиот дел домаќините во судиското надополнување израмнија преку Кастањ на 1-1.

Ново водство за гостите донесе Гравенберх во 53. минута, додека конечните 1-3 ги постави Диого Жота во 72. минута.

Fulham 1 – [3] Liverpool – Diogo Jota 72′
byu/ganiganiu insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...