Алкалоид со пораз ја стартуваше сезоната во регионалната лига откако „сино-белите“ од Автокоманда загубија на домашен терен од Партизан со резултат 31-39. Алкалоид за првпат во тимот ги имаше Борозан и Цехте, вториот Словенец Сухолежник не настапи поради ситна повреда, но Кире Лазаров ја загуби битката со Раул Гонзалес, Партизан доминираше во големи делови од мечот и на крајот заслужено стигна до победата.
Марко Митев го постигна првиот гол за Алкалоид сезонава за рано водство од 1-0, но Партизан набрзо го сврте резултатот во своја полза, поведувајќи со 4-6 во 10. минута. „Црно-белите“ имаа 6-8 пет минути подоцна кога Чордалија го запре зицерот на Цехе, Лазаров го промени голманот внесувајќи го Кизиќ наместо Галевски, а по тајмаутот на македонскиот стратег при 6-9 Алкалоид за момент стигна до 8-9. Се играше егал до 10-11 кога Никола Костески не искористи зицер за израмнување, Партизан повторно доби на сигурност во нападот и на одмор гостите заминаа со 15-17, откако Алкалоид не искористи седмерец преку Никола Костески во самиот финиш.
Раул Гонзалес тргна да испробува „седум на шест“ во второто полувреме, Алкалоид неколку пати стигнуваше до „минус еден“, за по добрата одбрана и погодоците во празна мрежа на Никола Костеск и на Џонов македонскиот тим да стигне до израмнување од 21-21, по што гостинскиот тренер побара тајмаут (37. минута). Дуелот беше егал до 23-23, по што гостите влегоа во серија, поведувајќи со 23-27 пред Лазаров да побара тајмаут. Борзаш ја прекина мини-серијата на противникот, но „црно-белите“ продолжија да го контролираат резултатот, на десет минути до крајот гостите водеа со 26-31, во 55. минута резултатот гласеше 28-35, за на крајот мечот да заврши со конечните 31-39
Никола Костески со шест гола беше најефикасен во таборот на Алкалоид, по пет постигнаа СТојковиќ и Цехте, четири имаше Марко Митев, додека Вуко Борозан постигна два погодоци во дебито за „сино-белите“ од Авткоманда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




















