Охриѓани триумфално против Будванска ривиера

Ракометарите на Охрид славеа на гостувањето против Будванска Ривиера со 20-22 (8-13) во второто коло од Регионалната лига.

По победата на стартот од ова натпреварување против Војводина, сега победа и над црногорскиот тим во меч во кој се беше одлучно во првото полувреме кое Охрид го доби со 8-13.

Единствено во вториот дел домашните дојдоа до негатива од еден гол (16-17), но на крајот сепак заслужена победа на македонскиот тим.

Лиапис со пет голови беше најефикасен кај Охрид, а Ивановски, Иванковиќ и Ѓукиќ запишаа по три голови.

Се вчитува...