Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, откри дека разговарал со напаѓачот на Бриж, Николо Тресолди, за можноста во иднина да игра за „Аѕурите“.
Тресолди моменто настапува за младата репрезентација на Германија, но поради потеклото на неговите родители, тој може да бира за која сениорска репрезентација може да настапува, Германија, Италија или Аргентина.
„Разговарав со Тресолди, со него разговараше и Клаудио Раниери, но верувам дека тој сам мора да пројави желба да игра за Италија. Неговиот татко е Италијанец. Мислам дека постои шанса и се надеваме дека ќе ја донесе правилната одлука“, изјави Манчини за италијанските медиуми.
Тресолди е роден во Калјари, но како тинејџер се пресели во Германија.
Тој сезонава игра во фантастична форма, на 17 натпревари во дресот на Бриж, постигна 14 гола, од кои пет во Лигата на шампионите. Дури три гола му даде на Интер и тоа на „Џузепе Меаца“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
