Голманот на Ливерпул и на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, сака да остане не „Енфилд“ и по истекот на актуелниот договор.
Бразилецот не крие дека желба му е да го продолжи договорот со Ливерпул, а неговиот агент веќе е во преговори за нова соработка, бидејќи актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната.
„Мојата желба е да останам. Среќен сум тука, а среќно е и семејството. И понатаму сакам да освојувам трофеи и да играм на највисоко ниво“, порача Алисон.
Алисон Бекер во Ливерпул пристигна во 2018 година од Рома во трансфер вреден 72 милиони евра и со „црвените“ триумфира и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
