Примирје во Барса – Балде се враќа во тимот

Алехандро Балде нема да се пресели во Манчестер јунајтед откако левиот бек донесе одлука да остане во Барселона и да се бори за првотимски статус во каталонскиот гигант.

Понудата од „црвените ѓаволи“ влијаеше врз фокусот на Балде во изминатите денови, па тренерот Флик реши тој да не биде ниту меѓу резервите на премиерниот дуел со Елче, најава дека трансферот на „Олд Трафорд“ е пред реализација.

Сепак, во последните 24 часа ситуацијата е смирена, дојде до состанок меѓу двете страни на кои Балде јасно стави до знаење дека е фокусиран на Барселона и не сака да ги смени клупските бои, по што тренерот Флик реши да го вклучи во тимот за дуелот со Атлетик Билбао шшто е на програмата утревечер.

„Балде ќе биде со нас. Тој тренираше добро и ќе биде во составот, но дополнително ќе решам дали ќе игра или ќе биде на клупата за резерви“, иистакна денеска тренерот Ханси Флик.

Се вчитува...